Има надеж за Арсенал, „топчиите“ за девет минути го решија Вест Хем

twitter/Premier League

Фудбалерите на Арсенал ја прекинаа серијата од седум натпревари без победа во Премиер лигата откако во последниот натпревар од 16. коло го совладаа Вест Хем со 3:1.

Новиот менаџер на Арсенал, Фреди Љундберг, го запиша првиот триумф на клупата на „топчиите“ благодарение на пресвртот во второто полувреме.

„Топчиите“ за девет минути со головите на Габриел Мартинели, Николас Пепе и Обамејанг дојдоа до важна победа за кревање на самодовербата.
Вест Хем поведе со голот на Огбона во 37.минута од мечот, а пресвртот се случи од 60. до 69. минута.

По седум кола Арсенал победи во Премиер – лигата и со 22 бода сега се наоѓа на деветтото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот