-2 C
Скопје

Има ли во Црна Гора власт?

Сосема е уставно и законски да се биде лош и бескрупулозен човек. Сепак, функционерот е тој што мора безусловно да ги почитува јавните прописи и да ја извршува и да се носи со јавната функција на достоинствен и примерен начин.

Уставот и законот не се ништо друго освен договор меѓу државата и граѓанинот. Доколку некој граѓанин ги прекрши, предвидена е санкција за тоа. Доколку ги наруши државата, довербата на граѓаните исчезнува и јавниот орган ја губи својата цел и легитимитет.

Во Црна Гора во моментов нема јавна власт. Се самоукина во процес што трае од објавувањето на списокот на граѓани во самоизолација среде најголемата криза што го потресе светот по Втората светска војна, одлука што не само што е очигледно неуставна во смисла на тоа дека крши некој пропис, туку практично претставува абдицирање на јавната власт од нејзините ексклузивни надлежности кои ѝ се пренесени со Уставот и поради кои таа постои.

Кога ќе ги пренесе своите овластувања на приватни лица, јавниот орган престанува да биде таков, а јавниот орган кој смета дека неговата работа треба да ја вршат приватни лица е понеодговорен од која било толпа, бидејќи е негова исклучива должност да биде одговорен и кога никој друг не е.

Од тој момент, се чинеше невозможно да се вратиме назад. Селективната правда стана правило и постепено го уништи социјалното ткиво. Носителите на власта ја заборавија природата на својата работа и почесто во јавноста излегуваа со моралистички предавања, закани и критики, отколку со одговорни, внимателни и доследни мерки.

Прочитајте и...  Змиски отров можен лек против Ковид-19

Граѓаните (конечно) се доживуваат како непријатели, покрај сите етнонационални групи, а државата не е во можност да преземе одговорност – затоа што ако граѓаните се виновни, а државата ги обвинува дека се, зошто да не ги казни? Граѓанинот има права и обврски што се пропишуваат со Уставот и законите.

Сосема е уставно и законски да се биде лош и бескрупулозен човек. Сепак, функционерот е тој што мора безусловно да ги почитува јавните прописи и да ја извршува и да се носи со јавната функција на достоинствен и примерен начин.

Службеникот, исто така, е оној кој мора да го почитува самиот дух на прописите и да не наоѓа начини да ги заобиколи, како што може некој обичен граѓанин. Апелот до свеста и совеста може да послужи само како поддршка за спроведување на законот, а не како замена за легитимноста.

Прочитајте и...  Родителите – сојузници на наставниците

Властите го прекршија Уставот, ја малтретираа јавноста, донесуваа одлуки и мерки без образложение или имплицитно планирање или анализа, толерираа кршење на овие мерки, систематски ги игнорираа „несоодветните“ експертски сугестии и постојано обвинуваа некои апстрактни „луѓе“ и „менталитет“ како виновни за состојбите. „Луѓето“ и „менталитетот“ можат да бидат и најлоши на светот, нека бидат и „олеснувачка околност“ кога ќе ги земеме предвид ефектите од работата на јавните власти, но мандатот и одлуките и одговорностите примарно им припаѓаат на властите, и тие првенствено треба да се повикуваат на одговорност.

А јавните власти во Црна Гора не само што донесоа лоши одлуки, туку и ја уништија довербата на јавноста и ги поткопаа јавните институции. Причината за тоа сега е повеќе од очигледна – тие не ги сметаат граѓаните за носители на суверенитетот, кои ним им предале специфични овластувања и должности во јавната власт, туку само како средство за доаѓање на власт. А кога власта ја изгуби моќта, исчезна и нејзината инстинктивна грижа за граѓаните.

Прочитајте и...  Плитки надежи

Она што, во моментов, нè држи над водата, се токму трагите на институциите изградени во еден поинаков систем, кои, какви и да се критиките што би можеле да се упатат од сегашната перспектива, сепак се покажаа поефикасни барем во гарантирање на некаков јавен интерес и функционирање на јавните институции.

Излегува дека наместо општиот интерес, најголем стимул и мотивација за сегашните носители на јавните овластувања за да ги извршуваат работните места за кои аплицирале, бил интересот на политичката организација, или, на крајот, личниот, а не општиот интерес.

Овој поразителен факт е најголемата лузна на лицето на оваа Република и претставниците на новата влада мора да бидат особено свесни за тоа. И успешно да се справиме со последиците од таквата врска. И да се врати довербата во јавните институции. И да поставиме нов образец за иднината.

 

Преземено од „Вијести“ од Подгорица

Поврзани вести

Зошто се влошува состојбата со епидемијата во Британија?

Крис Џилс/Financial Times

Апсење што го „потресе“ регионот: „Зета тече тамо џе јој Брано рече!“

Душан Телесковиќ/Недељник

ВИДЕО I Фуере: Мислам дека изборите во Бугарија нема да донесат ништо ново, па нема поента ЕУ да чека за да дејствува

И.И.

Интервју | Капка Касабова: Бугарија и Македонија се како мајка и ќерка што не разговараат

Георги Ангелов/Дојче Веле

Интервју Стефан Богоев: Не ѝ се погодив на урбаната мафија!

Анета Стојковска

Сара Полсон ѝ го честиташе 78-от роденден на својата партнерка: Ти си ми сè

Слободен Печат

Остави Коментар