ИМА ЛИ РУСИЈА СПЕЦИЈАЛНА ЕДИНИЦА ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЕВРОПА? Нивните акции предизвикаа страв и несигурност на Стариот континент

Руските шпиони кои го отруја Сергеј Скрипал / Фото: Профимедиа / AFP PHOTO / Metropolitan Police Service

Поранешната американска амбасадорка во Загреб во 2016 година, на вечера организирана за новинарите рекла: „Следите ги настатите поврзани со обидот за пуч во Црна Гора“.

Станува збор за настанот од пред три години, кога на денот на парламентарните избори во Црна Гора, сили поврзани со руската и во дел со српската тајна служба, се обиделе да направат пуч, објави хрватски „Јутарњи.хр“.

– Црна Гора тогаш беше во завршна фаза на преговорите за влез во НАТО, што значеше конечно прекинување на стратешките односи со Русија и затворање на пристапот за нив на топлиот Медитеран – наведува хрватскиот медиум.

Бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев, кој тргуваше со Украина, отруен е со непозната супстнца, но преживеа. Како и Сергеј Скрипаљ, поранешниот руски шпион кој живееше во Велика Британија. Тој беше изложен на отровот новичок, познат како „советскиот отров“, но и неговата ќерка Јулија исто така преживеаја.

Иако недвосмислено сите три случаи се дело на руските тајни служби, според пишувањата на „Јутарњи“, разузнавачките служби од западот неодамна успеале да ги поврзат сите точки, а веројатно добиле и одредени информации од своите контакти од Русија. Тие заклучиле дека станува збор за акциите на руската единица од составот на ГРУ, руската воена тајна служба, објави „Њујорк тајмс“.

Единицата има шифрирано име „29155“ и делува најмалку десет години наназад. Западните служби сметаат дека за неа не знаат ниту многу високи функционери на руската тајна служба. „29155“ во голема мера ја сочинуваат ветерани на советските и руските војни, од Авганистан, преку Чеченија до Украина.

Се верува дека командант на единицата е генералот Андреј Аверјанов кој е одликуван со медалот „Херој на Русија“. Според пишувањата на медиумите, единицата има посебна задача – да ја дестабилизира Европа, и тоа преку сите врсти на хибридно војување, вклучувајќи и ликвидации.

Медиумите споменатите три случаи ги опишуваат како доказ за неспособноста на руските шпиони, но по длабинските анализи на западните тајни служби, се дошло до пореален заклучок – станува збор за акции чија цел е намерно да бидат откриени и да предизвикаат страв и несигурност, стои меѓу другото во текстот објавен на „Јутарњи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот