Има ли крај: Нов земјотрес во Хрватска на 14 километри од Сисак

Хрватските медиуми јавуваат дека југозападното подрачје од Сисак вечерва околу 21:36 часот го погоди земјотрес со јачина од 3,3 степени по Рихтеровата скала.

Како што наведува „Вечерњи лист“, епицентарот на потресот бил на 14 километри од Сисак на длабочина од пет километри.

– Лесен татнеж, а потоа слаб потрес, напиша граѓанка на Петриња која се наоѓала на седум километри од епицентарот на земјотресот.

– Како да доаѓаше звук на грмотевица, а потоа се случи лесен потрес, коментарира друг граѓанин, исто така, од Петриња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот