Има четири години, а веќе знае три јазици и е почесен член на Менса

Исак Милер има само четири години, а веќе напамет ги знае сите 50 сојузни американски држави. Ова дете, само научило да зборува грчки и арапски јазик, гледајќи видеоснимки на Јутјуб.

Кога родителите го забележале неговиот потенцијал, одлучиле да дознаат колкав всушност е неговиот коефициент на интелигенција.

Резултатот што бил добиен е неверојатни 154, што на ова мало детенце му овозможило да стане почесен член на Менса.

– Многу сака да учи странски јазици, а последно што бара од нас е да му купиме книги на руски јазик. Навистина бев шокирана кога еден ден едноставно зема лист хартија и почна да црта. Исто така, кога бевме надвор, одеше и читаше знаци и зборови што беа на автобусите или во подземната железничка станица. Читаше и мапи и некои упатства. Луѓето околу нас го гледаат и се чудат, а многумина од нив прашуваат и дали оди во училиште. Секогаш кога излегуваме од дома, среќаваме луѓе што му делат комплименти – раскажува Мишел Нелсон, мајката на Исак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот