Има 20 години и заболела од корона: Главните симптоми за кои сите зборуваат, не се сите симптоми

Дваесетгодишната Џулија Баскаглија од Америка е позитивна на коронавирус, иако во нејзиниот случај се манифестирале симптоми кои претходно не биле поврзани со инфекцијата Ковид-19.

Младата девојка, која престојувала во Италија кога се разболела, одлучила да ја сподели својата приказна на Твитер, бидејќи, како што вели, „други лица имале сосема поинакво искуство од нејзиното.“

„Ви го зборувам ова бидејќи главните симптоми за кои сите зборуваат не се сите симптоми. И не мора да ги имате сите симптоми за да сте позитивни на коронавирусот“, напишала Џулија.

Главните симптоми на болеста обично се појавуваат од вториот до четиринаесеттиот ден по инфицирањето со коронавирусот и можат да вклучат сува кашлица, температура и недостаток на здив, наведува Центарот за контрола и превенција на болести.

Прочитајте и...  Од 470 случаи на заболени со Ковид-19 најмногу има во Скопје, стапката на смртност под европскиот и светски просек

Џулија открила дека се разболела на 29 февруари, а не ни претпоставувала дека станува збор за коронавирус бидејќи немала кашлица ниту отежнато дишење. Единствен симптом кој бил ист како кај короната била треската.

„Се разбудив во агонија. Ме болеше главата, ушите ми ѕвонеа и чувствував као грлото да ми гори. Цело тело ме болеше, се тресев и имав температура 37,8 степени. Се напив лек против болки и останав во кревет цел ден“.

 Julia warned people of the dangers of not showing verified coronavirus symptoms like dry cough and fever

На 1 март кога се разбудила, се чувствувала подобро и одлучила да оди на лекар.

По прегледот доктрорката и рекла дека е само настинка, па Џулија си отишла дома за да се опорави. Тогаш почнала да го губи слухот на левото уво, и покрај тоа што немала кашлица. Следниот ден забележила дека и е ослабнат слухот и на двете уши. И се појавил шлајм во грлото, но мислела дека тоа се симптоми на силна настинка,

Прочитајте и...  Се враќа „La Casa De Papel“, еве кога ќе можете да уживате во петтата сезона

Бидејќи во Италија вирусот почнал сè повеќе да се шири, решила да се врати во Америка.

Состојбата и се влошила последниот ден во Италија.

Уште не можев да слушам, а веќе го имав изгубено сетилото за вкус и за мирис, иако сè уште не кивав и не кашлав. Постојано имав главоболка. Следното утро решив да се вратам во Америка. На аеродромот никој не ме праша када бев. Дури ни на царина. Не ни трепнаа“, пишува Џулија.

Девојката останала дома од 5 до 13 март и имала контакт со само две лица. На 13 март била тестирана за Ковид-19.

„Кога стигна позитивен резултат на тестот се запрепастив. Како можев да сум позитивна? Не ги имав главните симптоми, лекарот ме пушти и на аеродром никој не се грижеше што доаѓам од земја со висок ризик“, искрено напиша Американката.

Прочитајте и...  Мајката на фудбалерот Нејмар се смири со 30 години помладиот љубовник! (ФОТО)

Сега Џулија, иако во моментов се чувствува „сосема здраво“, мора да остане во карантин сè додека тестот двапати не се покаже негативен.

Сè уште не знае како се заразила.

Прочитај повеќе

Васил Тупурковски во „Еден на Еден“: Пријателите мислат дека Тито ми ги остави мене пурите! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Сопругата на Хју Џекмен беше исмејувана поради насловната страница на познатиот австралиски магазин! (ФОТО)

Слободен Печат

„Така ми се заблагодари“: Сценаристот на „Ниски старсти“ по 28 години призна дека спиел со Шерон Стоун! (ФОТО)

Васко Спасоски

Ален Исламовиќ станува политичар за да ги реши проблемите со мигрантите

Слободен печат

Цел свет ги гледа овие видеа: Ги собира бројките од часовникот и добива неверојатен број, секогаш истиот! (ВИДЕО)

Слободен печат

Најголемите осудувачи се кријат во овие 2 хороскопски знаци

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Северина ја отвори летната сезона со фотографија во костим за капење

Слободен печат

Се враќа „La Casa De Papel“, еве кога ќе можете да уживате во петтата сезона

Слободен печат

Најактуелната борба во овој период – Еве како да ја спречете појавата на целулит

Слободен печат

Шајло Џоли Пит напoлни 14 години

Слободен печат

Зборови за Кљок од Сани: Неговата фризерница ќе остане синоним за авангарда

Ј.К.Д

Нешто вкусно за целото семејство – Портокал колачиња

Слободен печат