Има 1.600 КС, чини 8 милиони евра и веќе е распродаден! (ФОТО+ВИДЕО)

Centodieci e најновиот екстравагантен автомобил на Bugatti, кој настана како посвета на моделот EB110 од деведесетите.

Bugatti „пронајде“ нова формула за добра заработка на ексклузивни автомобили кои се произведуваат во многу ограничена серија, а чинат вистинско богатство. Најновиот пример на ваквата бизнис политика е Centodieci, кој претставува омаж на Bugatti EB110 (1991-1995.).

Доколку EB110 беше рариртет со 139 примероци, што да се каже за овој новитет чија планирана продукција е само десет примероци – а веќе сите имаат сопственици. И не само тоа, производниот план вели дека производството ќе трае цели пет години, односно планирано е темпо за испорака на само два автомобили годишно.

Тоа што овој автомобил го чини посебен, покрај огриналниот дизајн, секако е и 8.0-литарскиот W16 мотор. Имено, погонот на Chiron е темелно преработен, а епилогот е дополнителна инекција на моќта од 100 KS. Па така, овој суперавтомобил сега испорачува 1.600 KS.

Дополнителната моќ значи дека од 0 до 100 км/ч стигнува за 2,4 секунди, до 200 км/ч за 6,1 секунда, а до 300 км/ч стигнува за седум секунди подоцна. И така се до електронски ограничената брзина на 380 км/ч.

Во Bugatti променија и понекој дел од возилото, повеќе се употребени материјали од јаглеродни влакна, па автомобилот е за некои 20 кг полесен од Chiron.

Шефот на Bugatti, Штефан Винкелман по повод премиерата на моделот Centodieci во „Пејбл Бич“ во Калифорнија изјави дека овој новитет има подобро управување, односно дека е подинамичен од Chiron.

[foogallery id=”70133″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот