Им упадна, им пронајде дрога и ги уапси: Германската полиција затекна 33 лица на забава и запечати напуштена зграда

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Полициите во Франција и во Германија приведоа и парично казнија учесници на недозволени забави кои ги прекршиле епидемиолошките мерки за сузбивање на пандемијата на ковод-19 за време на викендот.

Неколку стотици лица учествувале на недозволена забава во Париз, а слилчна бројка на прекршители на епидемиолошките мерки е откриена и во Орли, јужно од Градот на светлината, објави денеска француската полиција.

Мерката „полициски час“ во Франција е на сила од 18 часот и излез од домовите е дозволен само на оние кои одат на работа.

Полицијата, пак, во Германија синоќа по анонимна дојава упадна на забава во напуштена зграда при што затекна 33 лица. За време на интервенцијата била запленета помала количина на дрога и пари што лицата ги уплатиле за влез на забавата.

Накратко бил приведен и ди-џејот кај кого, исто така, била пронајдена дрога, а напуштената индустриска зграда е запечатена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот