ИМ ПУКНА ФИЛМОТ: Жителите на Кисела Вода излегуваат на радикален протест

Оваа недела жителите на Општина Кисела Вода, кои живеат веднаш до Центарот за зависности повикуваат на масовен протест.

Причината за тоа, како што се наведува во нивното соопштение, е дислоцирањето на центарот за зависности од моменталната „времена“ (20 години) локација, на друга локација.

„Досега бевме коректни и конструктивни со сите чинители инволвирани во проблемов, кој ни го предизвикуваат ЗАВИСНИЦИТЕ од ДРОГИ и ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИ, укажувавме на проблемите дека недолично се однесуваат, пријавуваме кога ни правеа штета во домовите и кога не пљачкаа, пријавувавме и кога некое дете ќе се боцне на искористена игла (дадена од невладината организација ХОПС, која иако се нафати да го собира медицинскиот одпад позади наркоманите, истото не го прави).
Минатата година кога и покрај нашата кооперативност за возврат добивме да низ цела населба има ИГЛИ И ШПРИЦЕВИ и да се повредуваат се повеќе деца излеговме на протест на кој повторно човечки и со разбирање го побаравме истото да се дислоцира центарот, од страна на МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО Г-дин Венко Филипче и градоначалникот на Општина Кисела Вода г-дин Филип Темелковски, написмено ни беше ветено дека центарот ќе биде дислоциран до 5 Мај 2019 година, што не се случи, а воедно и по изјавата на Градоначалникот на општина Гази Баба дека наводно ги прифатил барањата на неговите граѓани од Гази Баба, центарот да не се дислоцира во НЕНАСЕЛЕН ПРОСТОР НА ОПШТИНАТА, наркоманите си земаа за сила и почнаа повторно да се соблекуваат голи пред нашите деца и жени и да се дрогираат, а чашата ја прели повредувањето на ќерката на еден од нашите соседи“- стои во повикот за протест.

Тие предупредуваат дека овој протест ќе биде радикален, а од недела па натаму потенцираат дека Центарот нема да работи, истакнувајќи дека имаат право на мирен и безбеден живот во нивната општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот