Им пропаѓа работата, летото е неизвесно – овие француски хотелиери ГОЛИ побараа помош за спас на бизнисот

-Можеби вам ова ви е смешно, но ние полека може да изгубиме сѐ што имаме – вели Фредерик Лелонг.

Во Приморска Шаранта во Франција, голи хотелиери така се борат против коронавирусот и ја чуваат својата работа. Ваквиот начин на „протест“ се уште не сме виделе, а вработените ја предупредуваат државата за недостиг на приходи и работа.

Сопственикот на хотелот Дорбињи од југозападот на Франција вели дека „утре ќе биде економска пандемија ако сега ништо не се преземе“. Со оглед на моменталната ситуација која ја погодува туристичката сезона, тој и уште седуммина други сопственици на хотели одлучија да позираат голи пред своите објектри за да го привлечат вниманието на јавноста.

Имено, тие сакаат оваа здравствена криза да се третира како природна катастрофа.

-Можеби вам ова ви е смешно, но ние полека може да изгубиме сѐ што имаме – вели Фредерик Лелонг.

Додава дека од средината на март забележал само една резервација и дека после Велигден, не знае како понатаму ќе биде. Без готовина и обрт на пари, нема  да може да ги плати сите трошоци кои ги има оваа година.

Уште еден сопственик го има истиот проблем, исто така само едно лице му букирало сместување од средината на месецот. Сите останати кои имале резервации – откажале. Вели дека се наоѓа во црвената зона, а долговите се трупаат. Во меѓувреме, ја троши заштедатата, а тоа не е решение.

Оваа акција ја нарекоа “Insure Naked”, и ги повикуваат осигурителните куќи да ги покријат нивните оперативни трошоци без одложување и исто така ги повикаа банките да ја одложат наплатата за година дена. Сметаат и дека Владата на Франција мора да го земе овој предмет во разгледување.

Нивниот предлог е плаќањето да се одложи за наредните шест месеци, но што ако пандемијата потрае цело лето? – прашува јавно Лелонг.

Инаку, овие симпатични хотелиери станаа популарни на социјалните мрежи, а покренаа и петиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот