Им нема крај на проблемите на Голден Стејт! (ВИДЕО)

twitter.com/run_york

Сити Тандер со 115:104 триумфираше над Пеликанси кои го претрпеа петтиот пораз. Прв стрелец во победничките редови беше Шаи Џилџус-Александер со 23 поени (осум скокови, четири асистенции, една блокада), а во дресот на Њу Орлеанс се одвои Џеј Џеј Редик со 17 кошеви.

Милвоки во реприза на финалето од Истокот славеше против Торонто со 115:106 и дојде до учинок од 4-2, колку што имаат и Репторси. Кај Бакси Јанис Адетокумпо постигна 36 поени, 15 скокови и осум асистенции, а на спротивната страна Кајл Лаури броеше до 36.

Не се знае што е полошо по навивачите на Голден Стејт Вориорс, дали се силните кадровски проблеми или серијата порази.

Останаа без комплетно целата најдобра постава која им донесуваше победи, после Кари, Томпсон, сега на листата повредени се најде и Дрејмонд Грин.

А последниот пораз е забележан од Шарлот со 93:87. Кај победникот Двејн Фрејзер беше најефикасен со 25 поени, а кај „воините“ истиот биланс го имаше Ерик Паскал.

НБА, резултати:

Оклахома Сити Тандер-Њу Орлеанс Пеликанс 115:104

Детроит Пистонс-Бруклин Нетс 113:109

Орландо Меџик-Денвер Нагетс 87:91

Мемфис Гризлис-Феникс Санс 105:114

Милвоки Бакс-Торонто Репторс 115:105

Вашингтон Визардс-Минесота Тимбервулвс 109:131

Голден Стејт Вориорс-Шарлот Хорнетс 87:93

Портланд Трејл Блејзерс-Филаделфија Сиксерс 128:129

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот