Им нема крај на главоболките на Зидан

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Шпанскиот репрезентативец е уште едно име на „Бернабеу” кој не може да помогне во наредниот период. Моментно со различни повреди се и Тибо Куртоа, Ферлан Менди, Родриго, Хамес Родригез, Еден Азар, Лука Јовиќ, Марко Асенсио и Брахим Дијаз.

Како што пренесува „АС” Иско имал медицински тестови кои покажале дека тој нема да може да тренира во наредните две-три недели поради проблеми со мускулите.

Интересно е што од почетокот на подготовките, офанзивниот играч честопати имаше слични проблеми што го спречувале да го заврши тренингот.

Ова воедно значи дека играчот нема да може да игра и во наредните квалификациски мечеви за Европското првенство 2020 година против селекциите на Романија и Фарските острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот