Им направивме „мечкина услуга“: Младите на возраст меѓу 18 и 25 години се најмалку вакцинирани заради една дезинформација, а сега може да не погоди по главата

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Иако вакцинацијата во Србија трае долго, а лекарите и епидемиолозите ги повикуваат сите возрасни групи да бидат имунизирани што е можно повеќе, бидејќи тоа е единствениот начин да се вратат на животот пред короната, се чини дека оние помеѓу 18-25 години се најголемите носители на инфекцијата. Зошто младите се скептични, и што треба да се стори за да се промени таквата состојба?

Беше направена лоша услуга кон младите луѓе

Според Миланко Шеклер, вирусолог и микробиолог од Ветеринарниот институт во Краљеево, во разговор за „Блиц“, на младите им била направена „мечкина услуга“, бидејќи на почетокот многумина во медиумите им велеле дека се загрозени само постарите групи.

– Ако повторувате како папагали, секако дека ќе се усвоу, а другата работа е што постарите се разболуваат потешко, но се подисциплинирани, повеќе ги почитуваат мерките отколку помладата популација. Беше речено дека работоспособното население и оние на возраст од 20-25 години можат да чекаат за вакцината, а тоа не е точно. Вистина е дека вирусот е поубиствен за постарите, но ако помладите се помалку вакцинирани, тогаш вирусот оди таму каде што може полесно да навлезе. Вистина е исто така дека младите полесно го пребродуваат ковид, но тие се извор на инфекција за постарите лица – објаснува Шеклер.

Од 15 мај, кампања за поканување на младите на вакцинација

На последната седница на Кризниот штаб, еден од членовите, Бранислав Тиодоровиќ, рече дека вакцинацијата е неопходна за олеснување на мерките и најави дека во следниот период фокусот ќе биде на имунизацијата на младите.

– Фокусот во следниот период ќе биде насочен кон вакцинирање на работната популација. На 15 мај, голема кампања ќе започне да ги поканува младите на вакцинација – рече Тиодоровиќ.

Заменик-градоначалникот на градот Белград, Горан Весиќ, изјави дека предложил вакцинација во трговски центри, а исто така информира дека од 15 мај ќе започне да ги поканува младите на вакцина.

– Ние ќе ја реализираме таа кампања заедно со Егзит и Бирфест. Градот Белград тоа го прави заедно со нив, а исто така го поддржа и Нови Сад. Мислам дека е многу важно да им се обратиме на младите – рече Весиќ.

Да ја кажеме вистината, а не лагите и дезинформациите

Она што е еден од начините младите повеќе да се ориентираат кон вакцината и да ја зголемат својата свест за нејзината важност, е младите да не заспиваат со лаги туку само со вистината.

– Една од главните дезинформации, и мислам дека е срамота за лекарите, е да зборуваат за тоа како вакцинацијата влијае на плодноста, па затоа младите се плашат од тоа и не сакаат да ризикуваат – посочува Шеклер и додава дека образованието е најдобро решение и основна работа, убаво е да се каже, како што вели, што може и што не може да стори заштитата.

Како што забележа професорот Петар Кочовиќ, експерт за информатичка технологија, ситуацијата се менува и кај помладиот дел од населението.

– Помладите разбраа како стојат работите и ако треба да патуваат, тестот за ПЦР е скап, ќе има фестивали на кои ќе можат да одат само вакцинираните, а при преминување на границата ќе има влезови за вакцинираните и невакцинираните – објасни Кочовиќ.

Вирусологот Шеклер смета дека приказната за задолжителниот тест за ПЦР не е добра и дека таму каде што има пропаганда и маркетинг, младите бегаат од таму.

– Како што рече вирусологот Никола Кнежевиќ, „таму каде што започнува науката, економијата завршува и каде што започнува економијата, завршува и науката“ – вели Шеклер.

Кампањата против вакцините зеде замав

Анестезиологот д-р Александар Николиќ, лекар од Универзитетскиот медицински центар Ниш, во интервју за „Блиц“ објасни дека анти-вакциналната зема замав, па затоа е добро што државата реагира, но она што особено загрижува е што некои млади луѓе лесно го сфаќаат вирусот и свесно ја избегнуваат вакцинацијата.

Вакцинацијата е важна за сите популации, бидејќи за жал вирусот не избира, повеќе пати се докаѓа дека старосната граница не е важна, затоа голем број на помлади пациенти завршија на интензивна нега, а некои, за жал, ја загубија битката.

– За една година работа во црвената зона, имав можност да запознаам млади луѓе кои едвај преживеале ковид, имавме примери кога младите завршија фатално. На почетокот ми се чинеше дека дел од студентите малку потфрлија, но колку што гледам, свеста е подигната на повисоко ниво, како и одговорот за вакцинација, што е добро.

Фајзер-Бионтек истражува за вакцинирањето на млади луѓе на возраст од 7-12 години

Како што вели Шеклер, Фајзер излезе со податоци што овозможуваат безбедна вакцинација за лица на возраст од 16 години и повеќе, но нашата држава сè уште не сакаше да ризикува до вчера, а досега сме го вакцинирале само населението од 18 години и повеќе. Сепак, таа одлука беше променета вчера, па сега вакцинацијата се препорачува и за млади и за бремени жени во Србија

– Сега Фајзер дури истражува и за вакцинирање млади луѓе на возраст од 7-12 години, а резултатите се во очекување. Зборуваме за починатите деца на возраст од 8, 9 години, но забораваме дека покрај короната, тие имаа и други сериозни болести, па затоа се фокусираме само на ковид и ги плашиме луѓето – заклучува Шеклер.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот