Им цветаат рози! Водителката Елена Стефановска ужива на Малта со Бојан! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатата водителка на емисијата „Живот со стил“, Елена Стефановска и нејзиното момче, скопскиот бизнисмен Бојан Најдовски веќе неколку дена уживаат на островот Малта.

Заљубениот пар постојано објавува фотографии од нивното заедничко патување, а дека Елена навистина ужива во новата љубов, се гледа и по нејзината насмевка на лицето.

За врската на Елена и Бојан доста долго се шпекулираше низ чаршијата, за до пред неколку недели водителката и сама да ја потврди информацијата дека е во врска.

Инаку Елена е постара од Бојан десетина години, но секако тоа е најмалку важно, бидејќи како велат – годините се само бројка.

Фото: Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот