Илустрирани приказни на Славимир Стојановиќ – Футро: „Девет“ е роман за сопствените грешки

Првиот роман на познатиот белградски дизајнер Славимир Стојановиќ – Футро доби превод на македонски јазик. Со наслов „Девет – роман во илустрирани приказни“ книгата ја објави „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Делото е составено од 47 приказни и секоја од нив е илустрирана од различен дизајнер, уметник или фотограф од Балканот. За авторот токму тоа е и најголемата вредност на книгата и сам го нарекува „мала победа на заедништвото“. Ова е прв роман на Футро, кој е белградски дизајнер, визуелен уметник, креатор на лајфстајл-брендот „Футро“ и автор на серијалот детски сликовници „Авантурите на Синги Лумба“.

– Главната порака на романот „Девет“ е да се прифатат сопствените грешки и маани со цел да се прифатат и туѓите. Ретко некој намерно и тенденциозно сака да ве упропасти. Но, генерално сите ние имаме впечаток дека некој нè влече за нога. Сакав со мојот пример да покажам дека мора редовно самите себеси да се погледнеме во огледало и таа слика да ја нагодиме – истакна Футро на он-лајн промоцијата на неговата прва книга.

Неговите проекти во доменот на дизајнот имаат добиено повеќе од 300 меѓународни награди, меѓу кои и награда за животно дело од Здружението за пазарна комуникација на Србија. Тој воедно има работено постери за „Скопје џез фестивал“, како и омоти на албуми за култни групи и музичари, како „Екатарина Велика“, „Партибрејкерс“ и Рамбо Амадеус.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 45, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 22-23 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот