Илуминатите се подготвуваат за Трета светска војна

Илуминатите со години се тема за која зборуваат теоретичарите на заговор ширум целиот свет. Сега кога сфатија дека нивните планови не одат онака како што планирале, отпочнаа медиумска војна против нивниот најголем непријател Владимир Путин, објави српски Еспресо.

Некогашен, наводно член на Илуминатите тврди дека бил регрутиран уште кога имал 19 години, но морал, како што тврди да го напушти ова тајно друштво после еден состанок. Во Илимунатите поминал, како што вели 47 години.

Тој тврди дека некогашниот претседател на САД Барак Обама не е член на Илимунатите, но открива дека светските лидери се подготвуваат Третата светска војна да ја дочекаат во посебно направени бункери. Еден од тие бункери, како што вели, се наоѓа под аеродромот во Денвер, САД.

– Ширум светот постојат вкупно 439 вакви бункери – вели анонимниот член на Илуминатите.

Сите бункери како и базите ги користат и контролираат Илуминатите. Најголемиот дел од нив се наоѓаат во Сао Паоло во Бразил.

Во еден бункер можат да бидат сместени 5.000 луѓе и тука може да останат 10 години.

– Лично сум бил во таков бункер и е поголем од било што што можете да замислите – вели тој.

Тој додава дека еден бункер е предвиден за 5.000 најбогати, најпаметни и најмоќни луѓе на светот, кој тука би биле заштитени од термо нуклеарната војна, природни или какви било други глобални катастрофи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот