Илон Маск за неколку дена заработи и загуби 30 милијарди долари

Илон Мас
Илон Маск/ Фото EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Богатството на Илон Маск во првата недела од јануари осцилира, така што за само неколку дена заработил, а потоа изгубил речиси 30 милијарди долари.

Според Форбс, извршниот директор на „Тесла” сега е „тежок” 271,5 милијарди долари, а пред само три дена, поради скокот на вредноста на акциите од 13,5 отсто, неговото богатство беше проценето на повеќе од 300 милијарди долари, за првпат од ноември.

Форбс, сепак, наведува дека неговата заработка „како дошла, така и отишла”.

Маск изгуби 13,9 милијарди само во средата и уште 5,3 милијарди денеска.

На затворањето на берзата, акциите на „Тесла” вредеа 11 отсто помалку отколку во понеделникот, кога беа на врвот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот