Илон Маск стана најследената личност на Твитер

Илон Маск Твитер
Илон Маск на Твитер / Arena LTDA / Alamy / Alamy / Profimedia

Илон Маск стана најследената личност на Твитер со 133,1 милиони следбеници. Тој го престигна поранешниот американски претседател Барак Обама, кој моментално има 133 милиони следбеници.

Според Гинисовата книга на рекорди, Твитер има околу 450 милиони активни корисници месечно. Околу 30 отсто од нив го следат Маск, кој минатиот октомври го купи Twitter за 44 милијарди долари. Откако Маск ја презеде сопственоста на компанијата, Twitter изгуби повеќе од половина од својата вредност.

Освен Маск и Обама, и други корисници имаат милиони следбеници на социјалната мрежа.

Еве како изгледа листата за најследени јавни личности во светот. Елон Маск (133,1 милиони следбеници) Барак Обама (133 милиони следбеници), Џастин Бибер (113,2 милиони), Кети Пери 108,3 милиони следбеници, Ријана (108,2 милиони), Кристијано Роналдо (108,1 милиони следбеници) итн.

Маск и група експерти се загрижени – бараат да паузира развојот на вештачката интелигенција

Владата не го признава името на ќерката на Илон Маск и Грајмс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот