Илон Маск / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN / POOL

Илон Маск со таинствена порака откако писателката објави дека родила негово дете

Откако писателката Ешли Ст. Клер ја шокираше јавноста објавувајќи ја веста дека родила дете чиј татко е Илон Маск пред пет месеци, милијардерот објави мистериозна порака на Икс.

„Бескрајно ме забавува бесконечното понижување кое го поднесувам на платформата која ја поседувам“, напиша Маск.

Ешли во претходна изјава рече дека не сака да објави дека има дете со него, но дека знае дека медиумите ќе го објават тоа доколку таа не го направи.

„Не сакав да ги откријам овие информации за да ја заштитам приватноста и безбедноста на нашето дете, но во последните денови стана јасно дека медиумите имаат намера да го сторат тоа, без разлика на штетата што ќе ја предизвикаат“, напиша 26-годишната Американка.

„Имам намера да му дозволам на нашето дете да расте во нормална и безбедна средина. Поради оваа причина, барам од медиумите да ја почитуваат приватноста на нашето дете и да се воздржат од инвазивни известувања“, додаде таа.

Таа потоа јавно го повика Маск да го „заврши договорот“ кога станува збор за заедничко родителство.

Во сега избришаниот одговор на Маск на Икс, Ешли напиша дека таа и нејзиниот тим се обиделе да комуницираат со него во изминатите неколку дена, но дека тој не одговорил. Таа го напиша ова под објавата во која Маск напиша „Whoa“, одговарајќи на објава од 2020 година во која Клер се пошегува дека сака да го привлече вниманието на Илон Маск за тој да ја запроси.

Брајан Гликлич, претставникот на Ешли, исто така сподели објава во која напиша дека таа и Илон „имале приватни разговори за создавање на родителски договор за детето“.

„Разочарувачки е тоа што новинар од таблоид, кој постојано ги напаѓа Ешли и нејзиното семејство, го спречи овој процес да се заврши доверливо. Чекаме Маск да ја признае својата родителска улога за да стави крај на неоправданите шпекулации, а Ешли верува дека Илон има намера брзо да го прекине нивниот договор, во најдобар интерес на нивното дете“, напишал Брајан.

Маск е веќе татко на 11 деца: Вивијан, Грифин, Каи, Саксон, Демијан, Икс Æ А-12, Ексе, Страјдер, Азур, Техно и уште едно дете кое се роди во 2024 година.

Парот тогаш ги имаше близнаците Вивијан и Грифин, кои сега имаат 21 година, и тројките Каи, Саксон и Демијан, кои имаат 18 години. Од врската со пејачката Грајмс, Маск има син со чудно име X Æ A-12, кој сега има четири години.

Тие се разделија во 2022 година, но имаа уште две деца – Екса Дарк Сидерел, кој има три години, и синот Техно Механикус, кој има две години.

Неколку недели пред Грајмс да ја роди нивната ќерка, Маск имаше уште две деца, близнаците Страјдер и Азур. Нивната мајка е Шивон Зилис, со која минатата година добија уште едно дете, чие име не ѝ е познато на јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот