Илон Маск си даде нова интересна титула – „Технокрал на Тесла“

Instagram
Илон Маск/фото: ЕПА-ЕФЕ

Илон Маск се „откажа“ од функцијата главен извршен директор на „Тесла“ и стана „Техно крал“ – „Technoking of Tesla“.

Имено, компанијата „Тесла“ при поднесувањето на новата пријава до американската Комисија за хартии од вредност, го додаде „Technoking of Tesla“ на списокот на официјални титули на извршниот директор Илон Маск, а на шефот за финансии на компанијата Захари Кирхорн е додадена функцијата „Master of Coin“ – „Господар на монетите“.

Но, тие ќе ги задржат своите постандардни титула, затоа што веројатно станува збор за интерна игра на имиња на позиции – во светот не постојат такви позиции во рамките на компаниите.

Сепак, светската јавност не е изненадена од ваквите информации, имајќи го предвид фактот дека Маск претходно „помогна“ да се зголеми популарноста на крипто-валутите, вклучувајќи ги и биткоините, со редовно коментирање на социјалните мрежи дека е „поддржувач“ на истите.

Минатиот месец, од компанијата „Тесла“ открија дека купиле биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и размислуваат наскоро да интегрираат плаќање за автомобилите со најпопуларната криптовалута во светот.

Маск неодамна ја коментираше и помалку познатата криптовалута „Доџкоин“ нарекувајќи ја „народна криптовалута“ со што веднаш ја зголеми нејзината вредност.

EPA-EFE
EPA/PETER FOLEY

Ова не е прва „чудна“ изјава на Маск. Тој минатата година ги критикуваше мерките и препораките на здравствените власти поврзани со пандемијата на коронавирусот, нарекувајќи ги „фашистички“ и „неамерикански“. Еднаш за време на дебата во 2018 година, Илон го прекина неговиот тогашен директор додека одговараше на прашање на алитичарите велејќи „Проклето досадни прашања, тоа не е кул. Следно?“.

А неодамна на својот твитер-профил Маск му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин прашувајќи го дали би сакал да има интервју со него на апликацијата за социјални мрежи „Клабхаус“.

Но сето тоа станува неважно, затоа што фактот стои дека уште од самиот почеток, Маск работи на идејата „Тесла“ да стане водечка сила која ќе ја смени целата автомобилска индустрија насочувајќи го светот кон употреба на електрични возила. Тој успеа да ја направи „Тесла“ една од највредните американски компании од секаков вид. Компанијата вреди приближно колку седумте најголеми светски производители на автомобили заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот