Илон Маск се предомисли: Повеќе нема претплата за „синото знакче“

Илон Маск Твитер
Илон Маск на Твитер / Arena LTDA / Alamy / Alamy / Profimedia

Твитер ја суспендираше својата нова услуга за претплата од 8 долари со која добива сино знакче како потврда за автентичноста на профилот, бидејќи нејзиното воведување резултираше со голем број лажни профили со потврда за автентичност, како што се „автентичните“ профили на „ Исус Христос“ или Џон Ленон“.

Посакуваното сино знакче претходно беше резервирано за автентичните профили на политичари, новинари и други познати јавни личности.


Опцијата за претплата, отворена за секој кој сака да плати, беше воведена претходно оваа недела за да му помогне на Твитер да ги зголеми приходите, додека Маск се бори да ги задржи огласувачите.

Илон Маск – Твитер/ Фото Olivier DOULIERY / AFP / Profimedia

Неколку корисници во петокот известија дека исчезнала новата опција за претплата со сино штиклирање како потврда, додека извор изјавил за Reuters дека таа е повлечена.

„За да се бориме против погрешното претставување, ја додадовме ознаката Official на некои профили“, беше објавено во петокот на профилот за корисничка поддршка на Twitter – кој е означен како „Official“.

Знакчето беше претставено во средата – но Маск го „згасна“ само неколку часа подоцна.

Во својот прв мејл до вработените во компанијата во четвртокот, Маск предупреди дека Twitter нема да може да ја „преживее претстојната економска криза“ доколку не ги зголеми приходите од претплати за да го надомести падот на приходите од рекламирање, изјавија за Reuters три лица кои ја виделе пораката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот