Илон Маск првпат се огласи за судењето на поранешната девојка Амбер Херд и Џони Деп

Фото: EPA

Илон Маск за прв пат јавно се огласи за моментално најпопуларната парница во светот, помеѓу неговата поранешна девојка Амбер Херд и актерот Џони Деп.

Својот коментар за целата ситуација милијардерот го сподели на својот твитер-профил.

„Се надевам дека и двајцата ќе можат да продолжат понатаму. Во нивната најдобра форма и двајцата се неверојатни луѓе“, напиша накратко тој.

Врската меѓу Амбер Херд и Илон Маск

Не се знае точно кога Маск започнал врска со Амбер, но Деп го обвини милијардерот дека имал тројка со Амбер и Кара Делевињ во неговата куќа, додека Амбер сè уште била во брак со актерот.

Маск стана тема и за време на судењето кога како сведок беше повикан поранешниот агент на Деп, Кристијан Карино, кој беше прашан дали Маск и Херд биле во врска во 2016 година.

„Не знам дали излегуваа, но дефинитивно поминаа некое време заедно“, рече тој.

Херд и Маск се запознале на снимањето на филмот „Machete Kills“ во 2013 година, но парот тврдеше дека биле само пријатели додека и двајцата не се развеле во 2016 и 2017 година. Во август 2017 година, повторно се појавија гласини дека наводната едногодишна романса на парот е завршена. Маск ги потврди шпекулациите набргу потоа, велејќи им на фановите дека раскинувањето било пријателско.

Амбер Херд и Илон Маск/Фото: Профимедиа

Тој подоцна додаде дека „врските на далечина кога двајцата партнери имаат интензивни работни обврски се секогаш тешки“, но дека никој не знае што носи иднината.

ФОТО | Временски приказ на романсата помеѓу Илон Маск и Амбер Херд

ФОТО | Љубовната историја на Амбер Херд: Момчиња, девојки и сопрузи 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот