Илон Маск предложи „мировен план“ и ги разбесни Украинците – Зеленски му одговори на Твитер

Фото: EPA/EFE / колаж: „Слободен печат“

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, денеска реши да се обиде да го запре конфликтот во Украина, предлагајќи негов „мировен план“ според кој Русија би ја задржала контролата врз полуостровот Крим, кој го анектираше од Украина, а во четирите украински области кои Русија си ги припои кон нејзината територија минатата недела, да се одржат нови референдуми под меѓународен надзор.

Маск во точките од предлогот наведува и дека Украина со овој план „останува неутрална“, а заедно со него, објави и анкета во која ги прашува своите следбеници дали се согласуваат.

„Украинско-руски мир:
– Да се повторат изборите на припоените региони под надзор на ОН. Русија ќе си замине ако тоа е волјата на народот.
– Крим формално е дел од Русија, како што беше од 1783 година (до грешката на Хрушчов).
– Водоснабдувањето на Крим е обезбедено.
– Украина останува неутрална“, напиша Маск.

Планот предизвика лавина од реакции – украински функционери, граѓани и активисти едногласно го осудија и го отфрлија. Вечерва на Маск му одговори и претседателот Володимир Зеленски. Тој не коментираше ништо за „мировниот план“ на милијардерот, туку и тој објави анкета: „Кој Илон Маск повеќе ви се допаѓа? Оној што ја поддржува Украина, или оној што ја поддржува Русија?.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот