Илон Маск пред Ворен Бафет, го зазема седмо место на листата на милијардери на „Блумберг”

Instagram
Instagram

Генералниот директор на американскиот производител на електирчни автомобили „Тесла”, Илон Маск, го зазеде седмото место на најновата листа на милијардери на „Блумберг”.

Богатство на Маск вчера се зголеми за шест милијарди долари откако акциите на „Тесла” забележаа раст од 10,8 отсто, така што една акција достигна рекордна вредност од 1.544 долари, а пазарната вредност на компанијата сега изнесува 286,5 милијарди долари.

Маск е сопственик на 20,8 проценти од акциите на „Тесла”, а е главен акционер на приватната вселенска агенцја „Спејс икс”, како и на компанија за копање на тунели.

Маск сега е пред Ворен Бафет, чие лично богатство неделева се намали бидејќи тој во хуманитарни цели ги донираше акциите од една од неговите компании, во вредност од три милијарди долари. Тоа е дел од планот на Бафет да се откаже од поголемиот дел од имотот во филантропски цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот