Илон Маск планира да биде „важен играч“ во политиката
Илон Маск, сопственик на Икс и еден од најголемите поддржувачи на Доналд Трамп вели дека ќе остане активен во политиката и по претседателските избори и дека планира да има значајна улога во меѓуизборите во 2026 година, како и на идните локални избори.
– Ќе бидам важен играч во политиката – ја пренесе индекс.хр неговата изјава.
Во разговорот во живо на својата социјална мрежа ИКС милијардерот истакнал дека неговиот про-Трамп одбор Америка ПАЦ ќе продолжи да функционира и по изборите. Одборот ќе се подготвува за следните меѓуизбори и ќе се вклучу во локалните трки.
– Америка ПАЦ ќе работи на разумна политика како што е обезбедување на процесуирање на криминалците – вели Маск.
Инаку, Маск донираше најмалку 118 милијарди долари за својот супер ПАЦ, за поттикнување на избирачите да гласаат за Доналд Трамп. Тој го формираше Америка ПАЦ пролетта со замбиција да создаде „црвен бран“ низ земјата, чија цел се избирачите со ниска стапка на излезност во клучните сојузни држави.