Илон Маск пак распали по Бил Гејтс: Сите умираат, никој од моите нема да се вакцинира!

EPA-EFE
Илон Маск / Фото: EPA/PETER FOLEY

Основачот на СпејсИкс и Тесла Илон Маск вели дека ниту тој ниту неговото семејство нема да се вакцинира со идната вакцина од коронавирус дури и тогаш кога ќе бидат подготвени, додавајчи дека пандемијата „ја намалила неговата верба во човештвото“, пренесува Раша Тудеј.

Во интервју за поткастот на Кара Свишер, 49-годишниот Маск изјави дека ниту тој ниту неговите деца не се во ризик од ковид-19 и поради тоа немаат потреба од вакцина.

„Ова е ситуација без победници. Целата оваа ситуација ми ја намали вербата во човештвото. Ирационалноста на луѓето, воопшто“, вели Маск.

Тој исто така рече дека го осуди карантинот воведен насекаде во светот и посебно во САД, при што нагласи дека тоа е „неетичко“ и “де факто домашен притвор“.

Маск рече дека раширениот карнатин е грешка и требало само ризичните категории да одат во карантин „додека не помине бурата“.

Запрашан за ризикот по неговите вработени и нивните семејства, и што ако некој почине, Маск со индигнација одговори: „Сите умираат“.

„Ние правиме автомобили цело ова време и одлично е“, вели тој нагласувајќи дека Тесла цело време ги држела вратите од фабриката отворени и покрај карантинските мерки, што во еден момент предизвика бесен одговор од Маск, кој покрена и судски процес против округот Аламеда. Тој додаде дека СпејсИкс е целосно оперативен во текот на целата пандемија, благодарение на дозволата за национална безбедност.

„Во текот на целата оваа пандемија, ние не прескокнавме ниту еден ден. Имаме дозвола од националната безбедност зошто ние извршуваме работи од доменот на националната безбедност. Ние испраќаме астронаути во вселената и назад“.

Маск, исто така, го нападна Бил Гејтс, истакнувајќи дека критиките на неговиот колега милијардер до скептиците за карантинот се неосновани и погрешно поставени во случајот на Маск.

„Гејтс вели за мене дека не знаел што правам јас. Епа, чукнат еден, ние всушност ги изработуваме машините за вакцини на КјурВак, компанијата во која ти инвестираш“, објаснува Маск, нагласувајќи го фактот дека Тесла е произведува на машините за КјурВак.

Бизнисменот исто така потенцираше дека блиску соработува со тимот епидемиолози на Харвард кој моментално работи на студии за антитела против ковид-19.

Војна на богатите: Илон Маск „удри“ по Бил Гејтс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот