Илон Маск ја понуди својата фабрика за производство на апарати за механичка вентилација

Елон Маск

Илон Маск, кој ја намалуваше сериозноста на пандемијата на коронавирусот и одбиваше да ја затвори својата фабрика во Калифорнија, сега е подготвен да помогне и на Твитер се вклучи во глобалните разговори за пандемијата.

Маск понуди неговата фабрија да призведува апарати за механичка вентилација ако тоа биде потребно.

По предупредувањето за потенцијалниот недостиг на апарати за помош при дишење кои би лекувале пациенти болни од Ковид-19 во американските болници, понудата ја коментирташе градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио.

– Њујорк купува. Се соочуваме со драстичен недостиг и неопходни ни се апарати за вентилација што побрзо – ќе ни требаат илјадници во овој град во наредните неколку недели. Ги сакаме што побрзо и ја сакаме вашата помош. Ќе ве контактирам – му напиша Ди Бласио на Маск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот