Илон Маск: Го продавам речиси целиот свој имот, нема да имам дом

Илон Маск / Фото: EPA/PETER FOLEY

Според извештајот на Институтот за политички истражувања, објавен на 23 април, сопственикот на „Тесла” и „Спајс Икс” од 1 јануари до 10 април оваа година станал побогат за пет милијарди долари.

Канадскиот милијардер Илон Маск планира да го продаде речиси целиот свој имот, напиша денеска тој на својот Твитер налог.

– Го продавам речиси целиот свој имот. Нема да имам дом, објави Маск.

Тој, исто така, напиша дека цената на акциите на „Тесла” е премногу висока. Цената на хартиите од вредност денеска се намали за 71,81 долар, достигнувајќи 710,07 долари.

Според извештајот на Институтот за политички истражувања, објавен на 23 април, сопственикот на „Тесла” и „Спајс Икс” од 1 јануари до 10 април оваа година станал побогат за пет милијарди долари. Една од причините за тоа е лансирањето на механичките уреди за вентилација на компанијата „Тесла”.

Последните проценки на „Блумберг” покажуваат дека акциите на Маск надминуваат 39,7 милијарди долари. Тој се наоѓа на 22. место на листата на најбогати луѓе во светот. Неговите главни инвестиции се во алтернативни електрични средства и комерцијални вселенски услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот