Илон Маск го доби шестото дете: Ќе се вика X Æ A-12 Маск и само ќе одлучи кој пол ќе биде!

Profimedia

Илон Маск (48), основачот на „СпејсХкс“ и „Тесла“, на социјалните мрежи објави дека стана татко по шести пат.

Богатиот бизнисмен доби дете со канадската пејачка Клер Елиз Бушех, попозната како Грајмс.

Profimedia

Мајката и бебето се добри“, напиша Маск, не сакајќи да го открие полот е детето – веројатно поради претходната изјава на популарната Грајмс дека „ќе го остават детето да одлучи само кој пол ќе биде“.

Сепак, на прашањето на еден од неговите следбеници на социјалните мрежи дали е момче или девојче, Маск напиша дека добил син.

На прашањето од фановите како ќе се вика бебето, Маск одговори: „X Æ A-12 Musk“.

Маск од претходниот брак има пет сина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот