Илон Маск ги воодушеви обожавателите со ретка семејна фотографија

илон маск, грајмс
Илон Маск и Грајмс/ Фото: Профимедиа

Илон Маск и неговата партнерка, канадската пејачка Грајмс слободното време го поминуваат со својот син во Тексас.

Основачот на „SpaceX“ и извршниот директор на „Tesla“ ретко споделува фотографии од својот приватен живот. Овојпат Маск направи отстапка воодушевувајќи ги своите бројни обожаватели.

Маск на својот твитер-профил сподели семејна фотографија на која позира со својата парнерка Грајмс и нивниот син кој љубопитно гледа во буќет цвеќе. Синот на Илон и Грајмс во мај ќе наполни една година.

Како што откри Илон во описот на фотографијата, тие се наоѓаат на брегот на заливот Тексас, каде што тој сака да создаде нов „Starbase“ град.

Илон и Грајмс ретко споделуваат семејни фотографии, па не е ни чудо што фотографијата собра над 425.000 лајкови.

Инаку, Маск претходно беше во брак трипати, двапати со Талулу Рајли и е татко на уште пет деца од претходните врски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот