Илон Маск добил близнаци со директорката на својата компанија: Милијардерот сега има девет деца

Фото: Flickr/ Профимедиа

Американскиот милијардер Илон Маск станал татко на близнаци уште во ноември 2021 година, но тоа дури сега излезе во јавност. Имено, Маск и мајката на близнаците, Шивон Зилис, поднеле барање до судот децата да го имаат татковото презиме, како и презимето на мајката како дел од средното име, пишува „Бизнис инсајдер“ повикувајќи се на судски документи како извор, пренесува „Скај њуз“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Celeb Post (@thecelebpost_tcp)


Шивон Зилис е извршна директорка на стартапот за вештачка интелигенција на Маск, „Неуралинк“.

Судијата во Тексас го одобрил барањето еден месец подоцна, а по најновите вести за потомството, бројот на децата на Илон Маск, колку што е познато на пошироката јавност, се искачи на дури девет.

Две деца доби со канадската пејачка Грајмс, а пет со поранешната партнерка Џастин Вилсон.

илон маск, грајмс
Илон Маск и Грајмс/ Фото: Профимедиа

Шивон Зилис наводно родила близнаци во ноември 2021 година, неколку недели пред Маск и Грајмс да го дочекаат своето второ дете. Во тоа време Маск изјави дека тој и пејачката биле во „полу-врска“.

Тие се родени само неколку недели пред Маск и неговата поранешна девојка Грајмс да ја добијат нивната ќерка Ексу Дарк Сидерел. Двајцата имаат и син X Æ A-Xii.

Маск од бракот  со Џастин Вилсон ги има: Грифин, Вивијан Џена, Каи, Саксон и Демијан.

Шивон Зилис почнала да работи за „Неуралинк“ во мај 2017 година, а во исто време беше назначена за директорка на проектот за вештачка интелигенција во „Тесла“, каде што работела до 2019 година.

Илон Маск и Џастин/ Фото: Принтскрин/Јутјуб

Била членка и на одборот на компанијата за истражување на вештачка интелигенција Open AI, се наведува на нејзиниот профил на LinkedIn.

„Бизнис инсајдер“ наведува дека на Зилис ѝ било наложено да го води Твитер откако Маск го презел гигантот на социјалните мрежи, но таа аквизиција на контроверзниот богаташ е привремено ставена во мирување.

Инаку, Зилис е ѕвезда во подем во империјата на Маск. Родена во Маркам, Онтарио, Зилис дипломирала економија и филозофија на Јејл во 2008 година, каде што играла голман и во женскиот хокејашки тим. Доживотна спортистка, таа е фотографирана на социјалните мрежи како сурфа, зип-лајн и се качува по мраз. Откако ја започнала својата кариера во ИБМ, таа се приклучила на фондот за ризичен капитал „Блумберг Бета“ во рана фаза, каде што водела инвестиции во податоците и машинското учење. Била на листата на „Форбс 30 под 30“ во категоријата ризичен капитал во 2015 година.

илон маск
Илон Маск и Наташа Басет / Фото: EPA-EFE

Во меѓувреме, Илон Маск има нова девојка. Во мај беше снимен во луксузното одморалиште Сен Тропе со австралиската актерка Наташа Басет.

ФОТО | „Илон Маск има нова девојка“: Која е 23-години помладата актерка која го освои неговото срце?

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот