Илјадници сексуални работнички во Германија остануваат на улица

Државата поради пандемијата од корона вирусот ги затвори борделите, па сега проститутките се приморани да останат на улица.

Пандемијата на коронавирус се одразува и на илјадници странски проститутки во Германија кои, речиси преку ноќ, станаа бездомнички откако тамошните власти ги затворија инаку легалните бордели.

Дополнителен проблем е што поради строгите рестриктивни мерки, тие не можат да се вратат во своите домови.

Германија е земја каде борделите се легални повеќе од две децении, но минатиот месец сите требаше да бидат затворени, како и останатите несуштински бизниси, како што се ноќни клубови и ресторани.

Сексуалните работници во Германија главно се самовработени и сами плаќаат даноци. Теоретски, тие би можеле да бидат вклучени во мерките на германската Влада за помош на самовработените, но не е познато дали тоа ќе се случи.

Според статистиката во Германија има меѓу 100.000 и 200.000 сексуални работници. Околу 80 отсто од нив се странци, главно од Бугарија, Романија, Полска и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот