Илјадници на погребот на убиениот ирански генерал (ВИДЕО)

Сулејмани е еден од најистакнатите воени команданти на Иран и архитект на неговото растечко влијание на Блискиот Исток.

Илјадници луѓе се собраа денес во Багдад извикувајќи „Смрт на Америка“ пред погребната поворка во знак на жалост за убиениот ирански воен командант Касим Сулејмани и лидерот на ирачките милиции Абу Махди ал Мухандис и останатите кои беа убиени во американскиот воздушен напад во Ирак.

Нападот врз багдадскиот аеродром во петокот, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, е голема ескалација во „необјавената војна“ на Блискиот Исток меѓу Иран и САД и американските сојузници, главно Израел и Саудиска Арабија.

Сулејмани е еден од најистакнатите воени команданти на Иран и архитект на неговото растечко влијание на Блискиот Исток.

Михандис е заменик командант на ирачките Народни сили за мобилизација (ПМФ), врховното тело на паравоените групи.

Погребната поворка се одржа во багдадскиот кварт Кадимија, каде што се наоѓа шиитско светилиште со крај во шиитскиот свет град Наџаф.

Нападот во петокот ги подели мислењата во Ирак.

Многумина го осудуваат нападот, а во Сулејмани гледаат јунак поради неговата улога во поразувањето на милитантите на Исламска држава.

Други го одобруваат и тврдат дека Сулејмани и Мухандис поддржувале употреба на сила против невооружените антивладини демонстранти минатата година и ги формирале милициите кои демонстрантите ги обвинуваат за многу ирачки општествени и економски проблеми.

Голем број Ирачани го критикуваат Вашингтон бидејќи убил луѓе на нивна територија и дека ја турка земјата во можна нова војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот