Илјадници маски завршија на плажа во Сиднеј

Илјадници хируршки маски завршија на плажа во близина на Сиднеј, откако паднаа од карго-брод поради невреме.

Голем товарен брод испловил од Кина кон Мелбурн. Поради лошото време, тој морал да го промени курсот и да се упати кон Бризбејн.

Сепак, поради силното невреме, околу 40 контејнери со стоки паднале во морето, јави Би Би Си..

Покрај апарати за домаќинство и градежни материјали, пратката содржела и медицинска опрема, вклучувајќи хируршки маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот