Илјадници луѓе протестираа во Барселона за независност на Каталонија (ВИДЕО)

Стотина илјади луѓе се собраа на големиот градски плоштад во Барселона, на денот на главниот празник на оваа шпанска покраина, барајќи нејзино осамостојување од Шпанија и тоа само на ден пред изрекувањето на пресудата за 12 лидери на сепаратистичкото движење.

Демонстрантите за независност на Каталонија, пристигнаа од сите делови на оваа покраина, а во Барселона се вееја знамиња во знак на поддршка за отцепување од Шпанија.

Денот 11. септември се слави во спомен на освојувањето на Барселона во 1714 година, во шпанската Војна за наследство. Од 2012 година овој празник се одбележува со масовни демонстрации на приврзаниците за отцепување на покраината.

Дванаесетте лидери на Каталонија, кои во 2017. неуспешно се обидоа да ја одделат Каталонија од Шпанија, чекаат пресуда на Врховниот суд за овој нелегален обид за отцепување.

Во Каталонија на 1. октомври 2017 година се одржа референдум за независност и покрај противењето на централната власт во Мадрид, а потоа на 27. октомври беше прогласена независност, поради што владата на шпанскиот премиер Маријано Рахој ја суспендираше автономијата на овој регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот