Илјадници луѓе излегоа на протести во Хонгконг

Илјадници луѓе учествуваат на денешните собири во Хонгконг, одбележувајќи шест месеци од почетокот на протестите на приврзаниците за самостојност.

Демонстрантите извикувале „Граѓани на Хонгконг, одмаздете се”, бесни поради реакцијата на полицијата со употребата на солзавец и апсења.

Митингот наречен „Стоиме обединети” е организиран во момент на загриженост на некои демонстранти дека движењето слабее, влегувајќи во седмиот месец, а Владата не покажува знаци за правење отстапки.

Властите во Хонгконг се соочени со притисок да се согласат на независна истрага за полициското насилство кое предизвика гнев кај многу граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот