Илјадници лица протестираа против расизмот пред британскиот Парламент (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Илјадници лица, со транспаренти в раце, се собраа денеска на плоштадот пред британскиот Парламент во Лондон во знак на протест против расизмот, и покрај повиците на владата да не се одржуваат собири на големи групи поради стравот за ширење на коронавирисот.

Демонстрантите во намерата да излезат на протестот не ги одврати ниту влажното и ладно време,  а организаторите ги предупредија насобраните дека „доколку се тука заради насилството”, тие не се дел од нивната цел.

Тие ги замолија присутните да одржуваат физичко растојание од два метра и да носат заштитни маски, пренесува Би-Би-Си.

Локалните власти  денеска ги повикаа граѓаните да избегнуваат протести во Лондон.

Десетици илјади лица во средата маршираа низ центарот на Лондон во знак на протест против расизмот, по смртта на американскиот Афроамериканец  Џорџ Флојд во Минеаполис, потсетуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот