Илјадници Израелци протестираа против планот за анексија на Нетанјаху

Актуелниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Илјадници Израелци денеска протестираа во Тел Авив против планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за анексија на делови од окупираниот Западен Брег, на кои претендираат Палестинците.

Поради ризикот од коронавирус демонстрантите носеа заштитни маски и ја почитувана социјалната дистанца, а се собраа под слоганот „Не на анексијата, не за окупацијата, до слобода и демократија”, пренесуваат британските медиуми.

Премиерот Нетанјаху најави декла од 1 јули ќе почне со реализирација на планот за анексија на израелските населби и долината Јордан во Западниот брег и дека за тоа го чека одобрението од Вашингтон.

Палестинците сакаат независна држава на Западниот Брег, со Источен Ерусалим како нивни главен град и Појасот Газа, што се териториите што Израел ги освои со шестдневната војна во 1967 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот