Илјадници граѓани во Бристол протестираа против климатските промени

Фото: EPA-EFE/NEIL MUNNS

Илјадници граѓани денеска се собраа во Бристол, југозападна Англија, на голем протестен марш против климатските промени.

На учесниците во маршот им се обрати младата шведска активистка Грета Тунберг која ги критикуваше политичарите и медиумите за игнорирање на знаците на скора климатска катаклизма и ги обвини дека со своето недејствување ја напуштиле нејзината генерација во однос на неодложните проблеми на глобалните климатски промени.

Илјадници луѓе дојдоа да ја видат и да ја слушнат шведската тинејџерка и активистка која стана позната по острите обвинувања и прекорувања упатени до владите низ светот поради нивниот однос кон климатските промени.

– Јас не можам да бидам нема додека гори светот, а вие ? – го праша Тунберг насобраниот народ.

После говорот таа му се приклучи на маршот низ центарот на Бристол, а според проценките на локалната полиција во него учествувале повеќе од 20 илјади луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот