Илјадници граѓани 2020 ја дочекаа на плоштад „Македонија“ со песните на Дино Мерлин

Фото: Фејсбук на Петре Шилегов

„Скопје ми е влезено во срцето, ме потсетува на детството. Овде ми е најубаво“ им рече Мерлин на присутните. 

Двочасновна забава на присутните на плоштад „Македонија“ синоќа им приреди балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин. Плоштадот беше претесен да ги собере илјадниците граѓани од земјава и странство кои и покрај ниските температури се охрабрија Новата  2020 година да ја дочекаат со безвременските хитови на Мерлин.

„Скопје ми е влезено во срцето, ме потсетува на детството. Овде ми е најубаво“ им рече Мерлин на присутните.

Воодушевување кај присутните предизвика и спектакуларниот огномет, со кој како и секоја година Градот на присутните им ја честита Новата година.

Фото: Фејсбук

Дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов е задоволен со изборот на уметник за дочек на 2020 потврди и неговиот фејсбук статус на кој објави фотографии со опис „ Love you Скопје мое“.

Фото: Фејсбук на Петре Шилегов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот