Илјадници демонстранти на улиците на Хонг Конг

Повеќе илјади демонстранти, од кои поголемиот број носеа маски и покрај неодамна воведената забрана за покривање на лицата за време на јавните собири, повторно излегоа на улиците на Хонг Конг, иако полицијата забрани протести.

Демонстрантите носеа транспаренти „Ослободете го Хонг Конг”, а на еден ѕид осамна графит „Подобро мртов отколку црвен”.

Полицијата го прогласи маршот во округот Каулун за нелегален, што значи дека учесниците во протестот можат да бидат уапсени.

Во округот Каулун изминатите недели се случија најголемите судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрантите се лути на лидерката на Хонг Конг, Кери Лам поради нејзиниот неуспех да ги заштити нивните слободи од централните власти во Пекинг, поради воведувања на овластувања од времето на колонијализмот, како и поради употреба на прекумерна сила од страна на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот