Илјадници демонстранти на улиците на Белград и Нови Сад, состојбата напната, има и судири (ВИДЕО)

epa08534957 A protester wearing a Serbian flag face-offs with police in front of the Serbian Parliament in Belgrade, Serbia, 08 July 2020. Thousands have gathered in front of the Serbian Parliament in Belgrade to protest the new measures to stem the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus, which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во Нови Сад, на Плоштадот пред Градска куќа, околу 18 часот се собраа неколку стотинци граѓани.

Бројни полициски сили со опрема за разбивање демонстрации се наоѓаат околу зградата на српското Собрание. Тука се поставени полицајци на коњи и со кучиња, како и неколку полициски возила.

Неколку десетици полицајци со идентична опрема се распоредени во близина на зградата на РТС.

Како што објави известувачот на Н1, пред влезот на Собранието е мала група луѓе и малку поголема од другата страна на улицата, на почетокот на паркот Пионир.

Полицијата веќе е подготвена со поставена железна ограда и шпалир  од припадници на специјалните сили, сместена од страна и пред влез во Собранието.

Друг дел од полициските сили се наоѓа во Пионерскиот парк, кон зградата на Претседателството на Србија, каде што има и околу стотина полицајци со целосна опрема, јавува известувачот на Н1.

 

Луѓето кои се веќе пристигнати изјавуваат дека не се дел од никаква политичка опција и дека на социјалните мрежи слушнале за закажаниот протест и одлучиле да видат за што станува збор.

 

Во Нови Сад, на Плоштадот пред Градска куќа, околу 18 часот се собраа неколку стотинци граѓани.

На самиот почеток на протестот дошло до вербален судир меѓу движењето на десничарите со кое раководи Урош Вељовиќ и момче кое му припаѓа на движењето „1 од 5 милиони“, објави Нова.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот