Илир Мета: Високо го ценам проевропското водство на Заев и Пендаровски

Илир Мета / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Албанскиот претседател Илир Мета од Драч апелираше дека Албанија треба да придобие од многу позитивниот момент кој го постигна Северна Македонија со Преспанскиот договор. Тој истакна дека за нив е многу битно Албанија да ги отвори преговорите, но и дека има многу значење и Северна Македонија да ги отвори овие преговори.

– Треба да придобиеме од многу позитивниот момент што Северна Македонија го постигна со Преспанскиот договор, а не да ги оштетиме и нивните шанси или да ги уценуваме другите, бидејќи за нас е многу важно Албанија да ги отвори преговорите, но е многу важно и Северна Македонија да ги отвори овие преговори. Не само поради многу битното соседство. Не само поради одличното водство што го покажаа како премиерот Заев, исто така и претседателот Пендаровски, туку и поради Албанците кои ги имаме во Северна Македонија, кои беа извонреден фактор за европската интеграција на таа земја, но исто така и поради нејзиното членство во НАТО и кои очекуваат позитивна порака и за Северна Македонија, бидејќи и тие не сакаат да се одалечат од тоа место. Напротив, тие сакаат да ја реализираат иднината како европски граѓани и во нивната земја и покрај нивните семејства – рече албанскиот претседател Илир Мета, пренесува Газета Телеграф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот