Илир Мета со вонредна прес-конференција: Албанците нема да дозволат нова диктатура!

Претседателот на Албанија, Илир Мета, ги повика граѓаните на земјата да ја преземат судбината на државата во свои раце.

Тој на вонредна прес-конференција истакна дека како претседател ќе биде бранител на Уставот и ќе се спротистави на сите обиди за уништување и антидемократско однесување во земјата. Според него, Албанија не може да се управува со резолуција, туку со Устав.

Мета исто така вели дека Албанците нема да дозволат нова диктатура.

– Албанците да треба во своите раце да ја преземат судбината на ова држава во одбрана на Уставот. Уставот е црвената линија. Претседателот ќе биде во директна одбрана на неа. Претседателот ќе побара референдум за да ја одбрани Републиката, за да се одлучи дали ќе се врати во нова диктатура. Референдумот е директна демократија, и претседателот ќе направи сѐ за ова право да се реализира – истакнал Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот