Илир Мета нема ништо против Албанија да го продолжи европскиот пат без С. Македонија

Илир Мета / Фото: Архива на „Слободен печат“

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвои пристапниот процес на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, што ќе ѝ овозможи на Албанија да напредува, пишува албанскиот портал Exit.

Поради пакетот во кој се двете земји, Албанија не успеа да ги почне преговорите пред сѐ поради ветото од Бугарија за С. Македонија, а и покрај тоа што доби зелено светло од сите 27 земји-членки.

Минатата недела, бугарскиот амбасадор во ЕУ Румен Александров рече дека неговата земја нема да го укине ветото за Северна Македонија, туку дека Албанија треба да се раздвои и да се оценува независно.Тој додаде и дека Бугарија дала неколку предлози за тоа како Северна Македонија може да ја ублажи ситуацијата, вклучително и спроведување на Договорот за пријателство потпишан меѓу двете земји.

На предлогот на Бугарија реагираше албанскиот претседател Мета кој денеска изјави:

„Го поздравувам ставот на Бугарија која предлага што поскоро почеток на преговорите за членство на Албанија во Европската унија“.

Мета додава оти е убеден дека Северна Македонија постигнала „огромен напредок во спроведувањето на реформите и постигнувањето историски договори како оној во Преспа“.

„Го поздравувам достоинствениот однос на македонските власти да продолжат непоколебливи во проевропскиот курс на реформи кои им служат на граѓаните и на аспирацијата за членство во ЕУ“, вели албанскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот