Илир Мета: Мојот портпарол доби закана од странска амбасада

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше на социјалните мрежи, обвинувајќи дека неименувана странска амбасада му се заканила на неговиот потпарол, Теди Блуши.

Според Мета, заканата дошла 30 минути по една објава на Блуши, од кого е побарано да го отстрани статусот.

Албанскиот претседател побара веднаш да се отвори истрага за овој случај.

– Да, мојот портпарол, Теди Блуши е уценуван во име на една Амбасада во Тирана, со цел да се отстрани неговата објава. Заканата дошла 30 минути по објавата. Се надевам дека е игра на Преродбата, но тешко на тие дипломати кои го уценувале мојот потпарол – напиша Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот