Илир Мета до новинарите: Ме „полудевте“

Фејсбук

Албанскиот претседател Илир Мета им одговори на сите новинари кои, според него, го „полуделе“ со СМС пораките со кои го прашувале дали ќе оди во Собрание, повикан од Анкетната комисија за негово разрешување.

Мета им одговори на новинарите преку статус на Фејсбук.

„Драги мои пријатели новинари. Ме „полудивте“ со вашите СМС-пораки како никогаш досега! Какво е ова бесмислено прашање што сите ми го поставувате: Дали ќе одам во Собрание ?! Прво, на претседателот како шеф на државата му следува да биде пример за институционална соработка. И верувам дека во овие две години направив се за да ја воспоставам оваа соработка, со целосен почит на Уставот, правната држава и јавниот интерес. Второ, едвај чекам да се вратам во Собрание“, пишува Мета на социјалната мрежа.

Специјалната парламентарна комисија која ги истражува одлуките на претседателот Илир Мета се очекува да го повика него на 6-ти септември така што Мета да ја претсатви својата верзија за изборните декрети, јавува албанската телевизија А2.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот