Илиоски за првпат се огласи за инцидентот: Обвинет сум за нешто што не сум го направил, правдата ќе излезе на виделина

Фото: urkourko/instagram

Светскиот шампион во киксбокс Бобан Илиоски во изминатиот период беше во фокусот на вниманието поради инцидентот кој се случил во неговиот дом.

Наводно Илиоски имал пресметка со непознати лица кои ја каменувале неговата куќа, а потоа следувало и уште едно насилство.

Преку социјалните мрежи, Илиоски за првпат се огласи и во врска со оваа ситуација.

Во врска со инцидентот кој овие денови кружеше на социјалните мрежи, чувствувам должност и обврска да се обратам на сите кои ме поддржуваат во моето патешествие како спортист и како личност. Постојат многу верзии од случката, но вистината ќе излезе на виделина после расчистување на случајот и до тогаш не коментирам за ништо поврзано со тоа, се додека надлежните органи не дозволат да дадам изјава во врска со истото. Немав намера да го оцрнам образот на моите тренери, мојот клуб, мојата држава и титулите кои ги носам, а најмалку од се сакав да бидам во ситуација каква што бев. Без разлика за тоа што сум обвинет (за нешто што не сум го направил), верувам дека правдата ќе искочи на виделина, и секој ќе одговара за своите постапки“, објави Илиоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот