Илиоски: Кога и малку се создаваат услови, се враќам и се трудам да ги остварам целите!

Фото: Христијан Илиоски

Во изминатиот период по тригодишна пауза во мото крос натпреварувањата се врати еден од најдобрите возачи во историјата на овој спорт, Христијан Илиоски, клуб МК Пелистер.

Тој успеа на својот „кам-бек“ да го освои првото место, поточно на трката во Орман, Скопје, во организација на МК Мотори и МК Вардар, и победи со резултат 24:04.80 минути, уште еднаш потврдувајќи ја љубовта и желбата за мотокрос.

Но, секако за секој спортист, за да остваруваат врвни резултати се потребни неопходните услови, така е и во случајот со битолчанецот Илиоски кој вели дека му се потребни средства за да може да учествува на повеќе трки.

– По три години пауза повторно се враќам на патеките, мото кросот е тоа што го сакам и знам. Сè уште можам да дадам придонес за развој општ и свој. Сум имал паузи во кариерата најчесто од финансиски причини, но кога и малку се создаваат услови се враќам и се трудам да остварам некои мои цели.

И впечатоците ми се дека уште многу треба да се прави и да се придонесува за подобро и повисоко ниво за спортот кој го сакам и како само задача ми е тоа да го сторам.

Периодот што претстои ќе дадам сè од себе за добри резултати повторно. А предизвикот е да се најдат спонзори кои ќе ме поткрепат за да се создадат услови да учествувам на повеќе трки бидејки мото кросот како и секој спорт бара многу напорна работа, средства за тренинзи и пoдобра моја техничка опременост – ни изјави Илиоски.

Се очекува нов Мото Крос Натпревар кој се најавува на патеката Лагово, Прилеп, закажан за 25 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот