Илинден во Крушево без традиционалниот политички говор, гостин на Пендаровски ќе биде и Али Ахмети

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски /Фото: Архива на „Слободен печат“

Годинава на Централната манифестација по повод Денот на Републиката во Крушево ќе помине без традиционалниот политички говор на Мечкин Камен. Претседателот Пендаровски кому годинава му се падна редот да го организира чествувањето во Крушево, одлучи да не се обрати до јавноста, туку со сосема поинаков концепт да се прослави празникот.

-Тој ден служи за продолжување на расколите, а не за обединување, дециден беше Пендаровски на брифингот со новинарите и затоа тој предлага поинаква организација на целиот настан.

Утрото на 2. август ќе учестввуа на панихида во локалната црква Свети Никола каде ќе се палат свеќи за хероите, по што ќе се положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и ќе се посети Македониумот, а потоа Почесниот воен баталјон ќе го започне маршот кон месноста Слива. Зад него ќе чекори претседателот Пендаровски, политичките лидери и дипломатски претставници, министри и претставници од владата, пратеници, членови на Академијата, МПЦ и другите верски заедници, политичари и граѓански активисти и претставници на здруженија како и граѓани од Крушево и целата држава кои ќе пристигнат на одбележувањето на Илинден. На поканата од претседателот веднаш се одѕвал лидерот на ДУИ Али Ахмети кој го потврдил своето присуство кое ќе биде негово прво на Мечин Камен иако од 2002 година е дел од власта на македонската политичка сцена.

Поканети се сите политички лидери но досега ниту еден од опозициските партии не го потврдил своето присуство на настанот.

Наместо политичко обраќање, во 18 часот на бината прв ќе излезе актерот Никола Ристановски кој сенародниот собир ќе го отвори со пригодни пораки за Илинден и со читање на Крушевскиот Манифест. По него ќе настапи ансамблот за песни и ора Танец, како и Ансамблот за албански народни песни и ора. На Мечкин Камен потоа ќе настапи Влатко Стефановски, а за крај се предвидени изведби од Воениот оркестар. Претседателот сепак ќе има кусо снимено видео обраќање преку медиумите по повод празникот.

Оваа промена во 30-годишното традиционално чествување на Илинден на Мечки Камен Пендаровски не смета дека треба да продолжи по тој терк, тоа е само негово убедување за поцивилизиран концепт со оглед на претходните негативни искуства што сите политичари и високи државни функционери ги извлекуваат од овој важен државен настан.

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на изменетиот Закон за државјанство кој вчера на собраниска седница го донесоа пратениците. Пендаровски, запрашан дали тоа што го стори и со имените и дополнувањата на Изборниот Законик беше дециден дека ако остане сегашниот текст тоа нема да го направи зошто лично смета дека не им овозможува влез на малите политички партии и граѓански иницијативи и здруженија како и поединци со предложениот изборен праг од 2 проценти од електоратот. Тргнувајќи од претседателската позиција, кога за кандидирање на претседател на држава потребни се само 10 илјади потписи од граѓани, Пендаровски смета дека нема потреба толкава бројка да се користи за учество на независни кандидати и помали партии и здруженија во локалната власт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот